Оваа сабота 8 јуни, со почеток од 12:00 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“, по четврти пат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли насловен како: „Добро Утро Креативци“

Настанот е во организација на Скала, Школа за дизајн и технологија и „Скала Магазин“ – прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на млади креативци и студенти во Скала со цел нивно поврзување со индустријата и поддржување на културните настани и сцена.

„Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, технологијата, културата и образованието. Програмата оваа година вклучува базар со над 13 изложувачи, студенти на Скала со нивни: дизајни, фотографии и ракотворби, 8 бесплатни работилници од областа на маркетинг, дизајн, технологија и кариера како и панел дискусија на тема: Пораснав и што сега? Како да започнеш кариера (?)“- велат организаторите.

Настанот е наменет за сите љубители новите трендови во дизајнот, технологијата, светот на маркетинг и комуникации, кои сакаат да стекнат нови вештини, но и размислуваат за следните чекори во нивната кариера.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.