По повод 17 Ноември: Меѓународниот ден на студентите, на 17 ноември 2023 г. (петок), во 11 часот, во Амфитеатар 4 на Филозофски факултет во Скопје ќе се одржи трибина на тема ,,Студентите и студентскиот стандард”.

Поканети се сите студенти, професори иуниверзитетски претставници заедно да го прослават значењето на образованието и студентската заедница. Денот се прославува во духот на студентската солидарност и посветеност кон знаењето.

Со видео обраќање студентите ќе ги поздрават Димитар Ковачевски, претседател на Влада на РСМ  и Јетон Шаќири, министер во Министерство за образование и наука.

За состојбата на струдентите, студентскиот живот и активностите кои ги спроведуваат институциите и организациите со студентите ќе разговараат Јованка Тренчевска, министер во Министерство за труд и социјална политика, Лазo Пендовски, проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Ратко Дуев, декан на Филозофски факултет во Скопје, Афрoдита Шаља, шефица на УНФПА, Митко Пиштолов, претставник на активностa на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, Ѓорѓи Тасев, соработник на претседателот на Влада за млади и младински политики, Марко Ѓоргиевски, директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум, Мариана Ангелова, генерален секретар на Национален младински сојуз на Македонија и  Филип Марковски, в.д. претседател на Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет.

На настанот ќе биде објавен текстот на Заложбата за подобрување на студентскиот стандард.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.