Во Германија стапуваат на сила измените на Законот за имиграција на квалификувани работници, со кои се проширува кругот на квалификувани работници кои можат полесно да дојдат да работат. Патот до „Сината карта на ЕУ“ ќе биде полесен за висококвалификуваните академици, магистри и оние со специјализирани академски дипломи.Сината карта е дозвола за престој која во голема мера го олеснува влезот на локалниот пазар на труд за квалификувани работници од земји надвор од ЕУ.
Германските медиуми го наведуваат примерот на ИТ професионалци со големо професионално искуство кои повеќе не треба да даваат докази за професионална обука.
Новите промени значат и големо олеснување за компаниите кои се борат со недостиг од квалификуван кадар.
Меѓу другото, со новиот закон се намалуваат досегашните релативно високи лимити за минимална плата. Наместо досегашните 58.000 евра бруто (или околу 45.500 евра за таканаречените професии во тесно грло), работниците од земјите надвор од ЕУ од ноември ќе треба да докажат дека заработуваат за околу 15.000 евра помалку годишно.
Покрај тоа, изгледите за престој во Германија се подобруваат, што го олеснува обединувањето на семејството.
Навистина големите промени треба да стапат на сила во март 2024 година: оттогаш, работниците од трети земји можат да влезат во земјата откако ќе аплицираат за виза и да работат во Германија се додека им се признаваат професионалните квалификации.
Досега тоа не беше можно, поради што може да потрае околу една година за да се добие виза и работна дозвола за Германија.
Кој може да аплицира за сина карта на ЕУ?
Сината карта на ЕУ го олеснува вработувањето на висококвалификувани државјани од трети земји во Европа. Важи за сите земји освен Ирска и Данска.
За сина карта на ЕУ мора да обезбедите доказ за вработување во Германија со законска минимална плата. Долната граница на минималната плата се применува за дефицитарните занимања, а тоа се следните професии:
– Инженери
– Научници од областа на природните науки
– Математичари
– ИТ-стручен кадар
– Медицински работници
„Сината карта на ЕУ“ ја издава надлежната Служба за странци во Германија, пишува магазинот „Феникс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.