Националниот координатор за реформи во високото образование, Проф. д-р Солза Грчева, оствари средба со претставници на студентските организации од државните и приватните универзитети во Македонија.

На средбата која беше наменета првично за меѓусебно запознавање, беа опфатени и актуелни теми за кои се засегнати студентите како студентскиот стандард, квалитетот на наставата, нивната вклученост во научно истражувачката работа и слично.

Националната координаторка стави акцент на унифицирањето на критериумите на напредување на професорите, студиските програми, предностите на професионалните студии и дигитализирање на услугите во универзитетите, теми кои се поставени како цели на нејзино делување. За сите овие прашања студентите изразија заинтересираност, информираа од Владата.

Соработката со студентите е повеќе од неопходна, тие се главниот чинител и само со постојаната отворена комуникација со нив, може да се постигне подобрување на високото образование во нашата држава и да се спречи одливот на мозоци.

Оваа перцепција беше прифатена и од двете страни, а комуникацијата ќе продолжи да се интензивира во блиска иднина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.