Познатиот архитект Сашко Иванов со тимот од проектантското биро Иванов Инженеринг се добитници на GRAD PRIX – голема награда на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023 за најдобро проектиран и реализиран објект – семејна куќа во Тасино Чешмиче.

На изложбата беа презентирани проекти и реализации за период од 2021-2023 година, традиционално Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) го одржа ХI (21-то) биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023. Настанот се одржа на 29 септември 2023 во Музејот на современа уметност во Скопје се одржа затворање на БИМАС 2023 наградите ги додели претседателот на ААМ, проф. д-р Мишко Ралев.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја отвори изложбата на Биеналето на македонската архитектура – БИМАС 2023 од 14 до 30 септември кога и се одржаа интегрално две изданија – 20-то, кое не се одржа во 2020 поради ковид пандемијата, и 21-то.

Право на учество во БИМАС 2023 имаа архитекти, македонски државјани, како физички и правни лица ‐ компании, кои учествуваат со дела на архитекти македонски државјани. Имаше учесници и странски компании и државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.