Се верува дека илјадници луѓе ги загубиле своите заштеди откако инвестирале во апликација за тргување со криптовалути наречена „iEarn Bot“.
Експертите кои ја истражувале оваа компанија велат дека овој случај би можел да биде еден од најголемите крипто скандали досега.
Тргувањето со криптовалути стана популарно затоа што на луѓето често им ветуваат големи профити за краткорочни инвестиции, но агенциите за спроведување на законот предупредуваат на зголемен број измами и им препорачуваат на инвеститорите да бидат претпазливи, се вели во извештајот на Би-Би-Си.
Во Романија, десетици личности од висок профил, вклучително и владини функционери и академици, беа убедени да инвестираат преку апликацијата бидејќи беше спонзорирана од Габриел Гараис, водечки ИТ експерт во земјата, но Гараис тврди дека и тој бил измамен да ги инвестира своите заштеди во апликацијата.по што ги изгубил парите.
Човекот именуван од страна на веб-страницата iEarn Bot како основач на компанијата, изјави за британскиот јавен сервис дека никогаш не слушнал за компанијата и потврди дека поднел пријава во полиција.
Технолошкиот институт во Масачусетс, заедно со компаниите како Huawei и Qualcomm, се именувани како „стратешки партнери“ на iEarn Bot, но и тие тврдат дека немаат сознанија на компанијата и не работат со неа.
Компанијата „iEarn Bot“ нема објавено никакви информации за контакт на својата веб-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.