Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) утре во Битола ќе отвори Еразмус+ инфоцентар кој ќе биде креативен простор за информирање и вмрежување на сите Еразмус+ корисници и млади лица.

Од Агенцијата велат дека инфоцентарот ќе биде „почетокот на нова приказна од каде ќе произлезат нови идеи и можности преку Еразмус+“.

-Инфоцентарот ќе биде креативен простор на младите, каде што нивните идеи ќе бидат слушнати и ќе се информираат за сите новости од НАЕОПМ, соопшти Национаната агенција.

На отворањето на инфоцентарот ќе бидат претставени дела на младата уметница Јана Танчевска, ќе има дегустација на македонски вина и музичка програма на учениците од музичкото училиште во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.