Едукацијата и практичната настава на студентите за видео продукција, филмски уметности и фотографија ќе биде унапредена со меморандумот за соработка кој го потпишаа ДЕОСОЛ Медиа и Интернационалниот универзитет „ЕУРОПА ПРИМА”, Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски и Дејан Станчевски од ДЕОСОЛ Медиа.
Соработката подразбира размена на информации од заеднички интерес, споделување на нови и тековни искуства, креирање и учество на настани од областа на филмските уметности кои ќе придонесат за едукација и инклузија преку развој на писменост, способност и практична настава на студентите во секторот за видео продукција , филмски уметности и фотографија во проектите и работата на ДЕОСОЛ Медиа, вели Дејан Станчевски.
На потпишувањето присуствуваа и дадоа поддршка Деканот на факултетот за филмски уметности М-р. Елена Бојаџиева Цветковска, професорот по филмска и ТВ камера М-р. Горан Наумовски, Александар Терпини, а истата е поддржана и од претседателот Д-р. Јордан Плевнеш.
На Универзитетот Еуропа Прима студентите имаат можност да студираат на едни од најатрактивните катедри кои се дел од креативните индустрии како едни од водечките професии во моментов. Додипломските и постдипломски студии овозможуваат интелектуален и креативен процес кој е пресуден за развивање на талентот што го поседуваат студентите. Трите факултети (фаултет за филмски, театарски и музички уметности) се во симбиоза преку која едни со други се надополнуваат и овозможуваат соработка и во иднина, смета Елена Бојаџиева, Декан на факултетот за филмски уметности.
Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски вели дека за Универзитетот особено е значајно воведувањето на дефицитарни катедри од областа на аудиовизуелните уметности, како што се: фотографија, анимација и звучен инженеринг.
Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима е единствената високообразовна институција во Македонија на која што се образуваат кадри за овие професии. Ние ги едуцираме студентите да бидат технички квалификувани, визуелно описменети и креативно подготвени за светот во којшто влегуваат. Од неодамна значаен дел има и програмата Еразмус од која сме дел, преку која имаат можност да искусат и пренесат дел од европските искуства на исти или слични факутети со кои имаме соработка, информира Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.