Францускиот институт во Скопје организира дебата на тема „Енергетска криза и решенија за иднината“ која ќе се одржи во вторник, 6 декември 2022, со почеток во 13 часот, на Сала Иннофеит при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ул. Руѓер Бошковиќ, бр. 18).

Светот и Европа се соочуваат со голема енергетска криза наспроти која се принудени да започнат со транзиција за да ги сопрат погубните последици од глобалното затоплување.

Кои се решенијата за поефикасна енергетска иднина со кои би се намалил ударот врз климата и животната средина?

Дали и во која мера обновливите енергии можат трајно да ги заменат фосилните горива?

Експертите ќе дебатираат на оваа значајна и актуелна тематика на дебата, којашто ќе ја отвори Г-дин Иго Бештел, советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје, а учество ќе земат:

– Г-ѓа Михаела Жиртан, професорка на Универзитетот во Анже и експерт за обновливи енергии

– Г-дин Антон Чаушевски, професор на Електротехничкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

– Г-дин Ристо Филкоски, професор на Машинскиот факултет во Скопје и стручен советник на НВО „Центар за климатски промени“

– Г-дин Виктор Андонов, советник за енергетски прашања во Владата на Македонија

Модераторка на дебатата ќе биде Г-ѓа Мила Јовановска, претседателка на НВО „Биди зелен“.

Настанот ќе се одвива со симултан превод, а се организира во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.