Велигден е еден од највеселите празници што го симболизира воскреснувањето на Христос, а Велики петок е најтажниот ден за христијаните, бидејќи тогаш Исус е распнат на крстот. Според стар обичај, за Велигден се вапсуваат јајца – најчесто во црвена боја, симболизирајќи ја крвта на Исус, но и радост. Познато е дека првото јајце се нарекува чувар на куќата и дека стои во текот на целата година, до следниот Велигден.

Секоја домаќинка според потребите ги одвојува јајцата за вапсање, но дали знаевте дека по правило треба да се бојадисаат 33 јајца? Бројот 33 го симболизира бројот на години кога Исус бил распнат. Обичаите датираат уште од античко време, се пренесувале од колено на колено, но овој важен дел некаде е изгубен и ретко кој денес бојадисува точно 33 велигденски јајца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.