Често се случува партнерите да имаат несогласувања при заедничко спиење, односно некој од партнерите да го повлече ќебето на страна. Една инфлуенсерка сподели решенија за овој проблем и, како што вели, тоа и го спасило бракот.
Решението е едноставно – наместо едно големо ќебе, партнерите треба да имаат две. Оваа практика е популарна во Данска, Норвешка и Шведска, а инфлуенсерката Ерика Столман научи да ја испроба.
„Скандинавскиот метод на спиење е апсолутно одличен. Би го препорачала на сите и би сакала да знаев за тоа порано“, рече таа во видеото на TikTok.
Коментарите за нејзината препорака се различни. И додека некои тврдат дека ова е „генијален начин да се реши проблемот“, други тврдат дека ова не е иновативна идеја, бидејќи луѓето веќе го користат овој метод, а не живеат во скандинавските земји.
А што велат експертите?
„Едниот брачен другар може да има повисока или пониска телесна температура од другиот, што доведува до неусогласеност во потребите за спиење. Познато е дека споделувањето на прекривките води до повеќе будења во текот на ноќта“, велат од Американската асоцијација за спиење, како што пренесува New York Post.
@ericastolmandowdy the Scandinavian sleep method is an absolute game changer. 10/10 recommend ☁️ #scandinaviansleepmethod #danishdesign #danishinterior ♬ original sound – Erica Stolman Dowdy
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.