Жена во топлес се обидела да јава изгубен делфин, кој се обидувал да го најде патот до морето во Холандија.

Делфинот се насукал во плиткото на плажата во крајбрежниот град Зандворт, западно од Амстердам.

Посетителите на плажа се обиделе да му помогнат на животното, но притоа една жена се обидела да го јава.

На видеото објавено на Твитер се гледа како делфинот се обидува да плива назад кон отворено море. Во тие моменти доаѓа жената, која го држи и ја префрлува ногата околу него, обидувајќи се да го јава како коњ.

Откако било објавено видеото, жената сама се пријавила во полиција, пренесе „РТЛ Њуз“.

Од организацијата за спасување на морски цицачи, „СОС Долфијн“, за РТЛ велат дека фактот што делфинот се наоѓа во оваа област е „многу вознемирувачки“.

Тоа се китови со заби и не припаѓаат на Северното Море. Тоа се длабокоморски животни. Ако завршат во Северното Море, запаѓаат во неволја. Овие животни не преживуваат добро во овие видови води – изјави Анемари ван ден Берг од „СОС Долфијн“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.