Околу една петтина од видовите рептили, како што се желките од Галапагос, индонезиските комодо-варани, западноафриканските отровни змии и индиските крокодили, се соочуваат со исчезнување, предупредуваат научниците.

Истражување опфатило 10.196 видови рептили, по што утврдено е дека 21 отсто од видовите се загрозени, критично загрозени или ранливи до истребување, според дефиницијата на Меѓународната унија за зачувување на природата.

Според научниците, 31 вид е веќе исчезнат, многу влекачи се на работ на истребување, а во слична состојба се и други копнени животни – водоземци, птици и цицачи. Оваа состојба е резултат на сечењето на шумите поради земјоделството, урбанизирањето и ловот. Климатските промени и грабливците, исто така, се постојана закана.

Влекачите се важна и разновидна гранка на „дрвото на животот“ и играат интегрална улога во екосистемите во кои се наоѓаат – вели Брус Јанг, еден од предводниците во истражувањето чии резултати се објавени во списанието „Нејчр“.

Тој смета дека сега кога се познати приоритетите и кои се заканите што треба да се ублажат, „нема повеќе изговори да се остават влекачите“ вон плановите за зачувување и нивната примена низ светот. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.