Заменик градоначалникот на Белград Горан Васиќ се збогува од Матеј Периш, хрватскиот државјанин кој ноќ пред Нова година се удави во Белград и чие тело денеска ќе биде испратено во Сплит.

Збогум Матеј!До крај се надевав дека малку си се сокрил од се и дека сепак ќе го запознаеш Белград во кој што си дошол. Како и ние тебе. Тажен сум. Тажен е Белград. Сите се плашевме за твојата судбина и се надевавме. Твоите сплиќани, ние белграѓани, загребчани, новосадѓани… Твојот прекрасен татко ни одржа лекција по достоинство. Ангелите нека те чуваат!, напишал Васиќ, пишува српски Телеграф.

Претходно од Министерството за внатрешни работи на Србија официјално соопштија дека со ДНK анализа на телото кое беше пронајдено во Дунав, утврдено е дека се работи за хрватскиот државјанин Матеј Периш (1994) чие исчезнување е пријавено во полицијата во Белград на 31 декември минатата година.

Според преелиминарните наоди од обдукцијата, смртта настапила по ненасилен пат.

Припадниците на МВР од моментот на пријавата за исчезнување на хрватскиот државјанин интензивно трагаа по него и ги преземаа сите мерки за да го пронајдат и да ги расветлат сите околности за исчезнувањето, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.