Натпревар за пиење што се одржал во Јужноафриканската Република заврши трагично за 30-годишен човек. Тој починал откако се натпреварувал за награда од 200 ранди (околу 12 евра) за кои требало на екс да испие литар.
Еден од учесниците „веднаш колабирал“ и бил пренесен во болница. Мажот таму бил прогласен за мртов – објавија британски медиуми.
Според информациите, на несреќниот натпреварувач му биле потребни две минути за да испие шише „Јагермајстер“.
На видеата објавена на интернет се гледаат луѓе што го следат натпреварот и кои навиваат човекот додека тој го пие ликерот со 35 проценти алкохол.
Полицијата покренала истрага за овој натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.