На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како автомобил „Тесла“ во Романија автоматски, во дел од секундата, донесе одлука која можеше да значи разлика меѓу живот и смрт.

Системот на автомобилот за следење на околината, забележа како еден пешак се препнува и паѓа на улицата пред автомобилот, по што „Теслата“ нагло сврте во лево и се судри со автомобил што доаѓаше од спротивната насока, за да не удри во пешакот.

Дали е ова вистинската одлука?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.