Во американската сојузна држава Калифорнија се одржа традиционалниот натпревар за најгрдо куче на светот.

Ова натпреварување, кое се одржува веќе 20 години, ја слави различноста меѓу кучињата и го поттикнува посвојувањето на оние кучиња коишто се запоставени поради нивниот изглед, поради што повеќето се во прифатилишта. Кај секое куче кое се натпреварува за титулата „најгрдо“ се истакнува она што го прави животинчето уникатно.

Првото место годинава му припадна на миленичето од расата кинеско ретковлакнесто куче (Chinese crested dog) по име Скутер, кое има деформитет на задните нозе. Тоа освои 1.500 долари парична награда и соодветен трофеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.