Во Јужна Африка падна снег првпат од 2012 година, а метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжи екстремно студеното време.
Снег од вчера паѓа во провинциите Гаутенг, Мпумаланга, Истерн Кејп и Фри Стејт.
Во Јоханесбург денеска е забележана температура од еден степен Целзиусов.
Овие екстремно студени временски услови ќе ги имаме до крајот на неделата, изјави метеорологот Пуселецо Мофокенг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.