Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера скопскиот вински салон „Винодонија“ 2024 ќе се одржи на 13 и 14 декември во главната сала на хотелот Мериот каде што како и секогаш, посетителите ќе може да ја споделат својата винска страст, но и знаење и искуство.

Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15:00 до 21:00 часот.

Времето ни поминува брзо, но тоа е добро за убавите и посакувани настани како што е Винодонија и за нејзините верни посетители, вински љубители кои што нетрпеливо ја чекаат следната нова винска смотра во Македонија.

 

Со сѐ уште не намалена желба и ентузијазам ви го најавуваме следното осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024, настан кој цврсто чекори во правец на нашата мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија.

 

Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и трпеливо ќе ги очекуваат вашите коментари, критики и пофалби, но исто така место и прилика да се истражи и дегустира странската винска сцена која што во последната година значително порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Хрватска, Србија, Германија, Португалија и Шпанија.

 

Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет“, велат прганизаторите на ова елегантно случување.

Картите за Скопски винскиот салон „Винодонија 2024“ ќе бидат во ограничен број, а ќе може да се купат однапред онлајн https://vinodonia.mk/ по цена од 1,000.00 ден за секој ден посебно, а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.200.00 ден.

И овој пат, дојдете на осмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.