Вевчани е првата и засега единствена македонска општина која е дел од престижната листа на најдобри светски зелени дестинации. А, во светски рамки само околу 500 локации можат да се пофалат со оваа титула, објави Глас на Америка.

Иако е најмала општина во државата, Вевчани е првата и засега единствена во Македонија која е дел од престижната листа на најдобри светски зелени дестинации. А во светски рамки само околу 500 локации можат да се пофалат со оваа титула, со која се здоби на светскиот натпревар „Top 100 Green Destinations“ каде се избираа одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот.

Вевчанските извори се можеби најубави во овој период од годината, односно на зима, кога изворите се полни со вода и може да се види сета нивна убавина.

Инаку целото заштитено подрачје Споменик на природата „Вевчански Извори“ се наоѓа северозападно од Вевчани на источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 950 метри и опфаќа површина од 1370 хектари.

Со ова Вевчани влегува во ексклузивна група на туристички дестинации, кои поради своите вредности се реткост и во светски рамки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.