Првата дама на Франција, Брижит Макрон, добила анонимна телефонска порака во која било наведено дека нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон има љубовник, пишува Дејли Мејл. Пораката до 68-годишната сопруга дошла и покрај врвните безбедносни проверки на сите нејзини уреди, а гласела: „Знам дека вашиот сопруг моментално е со маж“.
Политичкиот коментатор Николас Присет го изјави ова во новиот документарен филм наречен „Во пеколот на претседателските кампањи“ на BFM, најпопуларниот француски ТВ канал.
Во документарецот се објавуваат и сите скандалозни гласини за личниот живот на парот, вклучително и тврдењата дека Брижит Макрон всушност е родена како маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.