Православните верници утре го слават празникот на старозаветниот пророк и новозаветниот светител Илија.
Свети Илија, многу почитуван во православието како строг и непоколеблив проповедник на етичките вредности, во Стариот и Новиот Завет е присутен како пророк чии карактеристики ги презел христијанството, поврзувајќи го со појавата на новата вера и новото доаѓање на Христос.
Според преданието, свети Илија бил меѓу пророците кои се поклониле на Исус Христос на Тавор на денот на Преображение Господово, кога им се јавил на своите ученици со учењето на новата вера, поради што ликот на свети Илија е прикажан на иконите на празникот Преображение.
Свети Илија Громовник, како што го нарекуваат и во народот, паѓа во најсувото и најтоплото време од годината, а обичај е на овој празник да не се работи на нива, за да не го навлече гневот на светителот.
Народни верувања
Се верува дека свети Илија не умрел, туку жив се вознесе на небото во запалена кочија, па таа сцена е прикажана на празничните илинденски икони. Позната е и сцената со свети Илија во пештерата, каде што се засолнил од вообразениот крал Ахав, а гавранот му носи храна.
Според традицијата, Илија Тесвичанин е роден во Тесвит во Израел во 9 век п.н.е. (816 г. н.е.). Тој бил жртва на прогонството на кралот Ахав кој под влијание на неговата сопруга Језавела ја напуштил верата на Мојсеј и „прославувал други богови“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.