Утре, во 10 часот се отвора голем Љубовен базар на уникатни уметнички креации во пресрет на Денот на вљубените, во организација на Скопје Сити Мол.

Базарот ќе биде отворен за посетителите секој ден од 11 до 14 февруари. Повеќе од 20тина индивидуалци, „artisans“ – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи. Со максимата „Љубовта се множи кога се дели“, посетителите ќе можат да подарат за своите љубени автентични креации, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.

Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, во која е компримиран креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детаљ од нивната работа.

Како што велат и самите креативци, кои имаат изградено свој препознатлив уникатен стил: „Раскажуваме шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни, кои долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.