Во низата на идиотски трендови и предизвици кои децата ги гледаат преку социјалната мрежа „Тик ток“, најнов е оној на домашно вадење на трајните протези. Па така, некои ги отстрануваат металните делови од забите со лажица, други со нож, трети со шнола…

@thebracesguyTaking braces off with a SPOON!?!?! 😳

♬ original sound – The Braces Guy


Грант Колинс, ортодонт од Минесота, кој на за среќа има скоро 4,7 милиони следбеници, им објасни на луѓето зошто тоа и не е толку добра идеја.

Ако сами ги извадите протезите и понатаму имате лепак на забите кој треба да се отстрани со специјална направа, а да не зборуваме за тоа дека вашите заби ќе се поместат назад без држачи, предупреди овој стоматолог.

Исто така кажа дека постои опасност забите да се вратат во правобитна состојба и дека поради тоа целиот процес би морал да почне одново.

Но, некои од луѓето кои искоментираа на ова видео не го прифатија стручното мислење.

Не спомена колку многу пари бараш за да го поправиш сето тоа, стои во коментарите.

Други се сложија кон ова тврдејќи, со тоа што напишаа дека забарот се плаши дека ќе ги изгуби работата и клиентите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.