Една од најубавите турски глумици Демет Оздемир во последната недела на август ќе стапне на „лудиот камен“. Нејзиниот избраник е суперпопуларниот турски музичар и актер Огужан Коч.
Актерката Демет Оздемир е родена во Измир, Турција, на 26 февруари 1992 година, има 28 години. Висока метар и 70 см. тешка 56 килограми. Баба ѝ, Бугарка, била емигрирантка во Турција. Актерката има и брат Волкан Оздемир и сестра Дерја Оздемир. Нејзиното семејство се преселило во Истанбул кога таа имала 7 години.
Демет веќе подолг период беше во врска со пејачот и актер Огужан Коч, со кого подоцна се вери, а сега самата таа најави дека ќе се венчаат, со романтична прослава на 26 август.
Врската меѓу Демет и Коч, кој е вистинска ѕвезда, е една од најследените во Турција, особено откако парот раскина во одреден момент минатата година. По смирувањето, веднаш следуваше веридба на радост на сите нивни фанови, кои заедно ги имаат во милиони, а самата таа на Инстаграм има над 15, 3 милиони следбеици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.