Црната шапка во традиционална форма со „два агла“, заштитен знак на францускиот император Наполеон Бонапарт, е продадена за рекордни 1,9 милион евра на аукција во францускиот град Фонтенбло, соопшти аукциската куќа „Осенат“.
По долгото наддавање на аукцијата, капата на императорот Наполеон Први најде купувач за 1.932.000 евра. Ова е светски рекорд за шапката на Наполеон Први, објави аукциската куќа.
Цената на шапката првично беше проценета од 600.000 до 800.000 евра, но на крајот ја надмина цената од 1.884.000 евра, која беше платена за друга шапка на Наполеон во 2014 година – изјави аукционерот Жан-Пјер Осенат, кој ја предводеше аукцијата.
Се проценува дека Наполеон поседувал околу 120 шапки со „два рога“ за време на неговото владеење. Сите биле направени од ист производител и сите биле направени од ист материјал, скапоцен црн филц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.