Не заборавајте да напишете 12 желби на 12 парчиња хартија…
Сигурно имаш слушнато за некои верувања, според кои, доколку во одредено време направиш одредено нешто, тоа ќе ти обезбеди среќа и благосостојба.
Секако, постојат верувања поврзани и за Нова година, а едно од нив е и тоа дека на 31 декември е потребно, по перницата да ставиш 12 ливчиња хартија, на кои ќе напишеш 12 желби.
Следното утро, ќе извадиш 3 од нив. Желбите на овие парчиња хартија, според верувањето, ќе ти се исполнат.
Другото новогодишно верување се однесува на откривање на мажот кој ти е суден. Она што е потребно да го направиш е на 31 декември под перницата да ставиш 4 карти со ликот на крал. Во раните утрински часови да извлечеш една, а според верувањата таа карта ќе го отслика твојот иден сопруг.
Доколку извлечеш карта во лист, суден ќе ти биде постар, меѓутоа доколку извлечеш детелина, суден ќе ти биде некој кој има брак зад себе. Картата крал срце означува некој многу помлад, а баклава некој од кругот на семејството.
Познато е дека незаменлив дел од новогодишната прослава е палењето петарди и огномет, а иако надлежните советуваат да се внимава при нивното користење од година во година, овој ритуал има и подлабоко значење. Имено, вревата од петарди, огномет, како и гласната музика, според традицијата, ќе ги избркаат злите духови кои носат несреќа во вашиот дом, па за среќа на домаќинството треба малку да ја засилите музиката и да славите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.