Најмалку четири лица се хоспитализирани, од кои еден маж е во критична состојба, по експлозија на батерија на електричен скутер во куќа во градот Бризбејн, Австралија, што предизвика пожар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова е трет инцидент на пожар предизвикан од експлозија на батерија на електричен скутер во државата за помалку од една недела, објави „Еј-би-си њуз“.
Четири членови на семејството, од кои две деца, се спасени од локалното население и однесени во болница со значително вдишување чад.
Ова е втор инцидент во Бризбејн и трет во државата во последната недела.
Пет лица беа хоспитализирани во четвртокот, меѓу кои и маж кој се здоби со тешки изгореници од експлозија на батерија на електричен скутер во куќа во Дара, Бризбејн.
Една од водечките причини за ваквите инциденти, според Марк Халверсон, извршен менаџер за заштита од пожари во службата за пожари и итни случаи во Квинсленд, е користењето погрешен полнач.
Во Квинсленд видовме значителен пораст на пожари кои се припишуваат на уредите напојувани од литиум-јонски батерии во последните месеци“, рече Халверсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.