Најпознатиот швајцарски планински врв Матерхорн полека исчезнува од амбалажата на чоколадото Тоблероне поради строгите правила во врска со ознаката „направено во Швајцарија“, изјави сопственикот на триаголното чоколадо.

Чоколадата Тоблероне, која почна да се произведува во фабриката на семејството Тоблер во 1908 година, досега се произведуваше исклучиво во Берн, главниот град на таа алпска земја.

Но, почнувајќи од оваа есен, познатото чоколадо ќе се произведува во Братислава, Словачка, „за да се одговори на зголемувањето на побарувачката во светот“, изјави портпаролката на американската компанија Mondelez International, сопственик на овој бренд.

Делумното преместување на производството го обврзува брендот да ја отстрани етикетата „на Швајцарија“ од пакувањето бидејќи според законот од 2017 година, националните симболи не можат да се користат за промовирање производи на база на млеко кои не се исклучиво произведени во Швајцарија.

Новиот изглед на корицата беше претставен есента минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.