16-годишно момче беше уапсено во четвртокот откако едно од најфотографираните британски дрвја покрај Адриановиот ѕид во североисточна Англија беше пронајдено исечено, што предизвика бес и тага кај јавноста.
Јавор, кој стои повеќе од 200 години во Националниот парк Нортамберленд, беше пронајден соборен по бура.
Но, дрвото имаше чист рез, како да е отсечено со моторна пила, а крошната делумно се потпираше на античкиот римски одбранбен ѕид што ги делеше Британските острови на половина и требаше да ја заштити Англија од нападите на племенскиот сојуз од север.
Јаворот се здоби со меѓународна слава кога беше искористен за сцена во хит филмот од 1991 година „Робин Худ: Принцот на крадците“, со Кевин Костнер во главната улога.
Полицијата во Нортамбрија, која го истражува инцидентот, соопшти дека тинејџер е уапсен под сомнение за кривично дело.
Началникот Кевин Варинг рече дека „денешните настани предизвикаа голем шок, тага и гнев низ локалната заедница и пошироко“, додавајќи дека истрагата се уште е во рана фаза.
Јаворот, кој ја доби наградата за англиско дрво на годината во 2016 година, е клучна атракција што е фотографирана од милиони посетители низ годините.
Тони Гејтс, главниот извршен директор на националниот парк, рече дека се чини дека дрвото е „намерно исечено“.
– Навистина е тажно што некој направи ваков вандалски чин – нагласи тој.
Тој додаде дека тој и персоналот на националниот парк имаат „вистинско чувство на загуба“ и дека многумина биле во солзи, а луѓето изразуваат шокираност на социјалните мрежи.
Адријановиот ѕид е меѓународно обележје под заштита на УНЕСКО. Започна во 122 н.е. за време на владеењето на императорот Адријан, ја означи границата помеѓу римската Британија и неосвоената територија на север.
Илјадници војници и многу од нивните семејства живееле покрај ѕидот, оставајќи зад себе згради и артефакти кои им дале на археолозите длабок увид во римскиот живот на ветровите северни граници на нивната империја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.