Прославата на 75-тиот роденден на кралот Чарлс Трети се ближи, поточно на 14 ноември, а на неа нема да присуствува неговиот помал син, принцот Хари (39).

Иако избеганиот војвода од Сасекс добил покана за прославата, според извори за Дејли Мејл, доаѓањето во Лондон не му паѓа на памет.

Duesseldorf: Princ Harry stigao na otvaranje natjecanja Invictus Games

Наводно, односите меѓу него и неговиот татко воопшто не се подобриле, па не се виделе ниту кога принцот бил во британската престолнина на почетокот на септември за да и оддаде почит на неговата покојна баба, кралицата Елизабета Втора на првата годишнина од нејзината смрт.

Тогаш Чарлс беше со Камила во шкотската резиденција во Балморал, каде што почина кралицата, и тој го покани да му се придружи, но тој одби и се поклони на својата баба на нејзиниот гроб во капелата во Бакингемската палата.

Раздорот во кралското семејство започна кога Хари и Меган решија да ги напуштат службените обврски во кралското семејство и да се преселат во Америка.

Тие додадоа масло на огнот со интервјуто што и го дадоа на Опра Винфри, а мемоарите на Хари, само го разгореа огнот.

Очигледно, Чарлс бил навреден и од тоа како неговиот син ја опишал неговата сакана Камила, тврдејќи дека денешната британска кралица е пресметана придружничка и дека таа е таа која на медиумите им открила многу кралски тајни за него и неговиот брат Вилијам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.