Младиот гостиварец Анди Исмаили, неколкукратен светски шампион во модерен танц му вети на министерот за образование и наука Јетон Шаќири дека во иднина ќе освои уште многу титули. На денешната средба тој се потсети на некои од најинтересните моменти од светските натпревари, на кои веќе неколку години докажува дека е вонсериски талент.
Танцот е мојот живот. Многу сакам да танцувам и не ми е тешко напорно да вежбам. Секако дека е точно оти сами себе сте си најголем конкурент. И затоа секогаш си повторувам: ,Hard work makes the dream work’, вели Исмаили, заблагодарувајќи им се и на своите тренери за сите досегашни успеси.
Посакувајќи му да биде истраен и да продолжи да ги осварува своите соништа, министерот Шаќири нагласи дека Министерството е секогаш отворено за младите, го слуша нивниот глас и е фокусирано на нивните потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.