Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас.
Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим.
Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, продаден е и исклучително редок примерок од првото издание на „Супермен“. Тој чинеше 3,18 милиони долари.
Картички „Покемон“ и други стрипови, исто така биле предмет на високи наддавања на неодамнешните аукции. Според аукционерите, „колекционерите плаќаат за својата носталгија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.