Групата „Ју-ту“ го одржа својот прв настап во Лас Вегас во „Сферата“, нов масовен простор во форма на купола, кој е целосно исткаен од LED екрани.

Најевтината карта за концертот, кој веднаш беше распродаден, беше околу 400 евра, но тоа не беше проблем за публиката.

Дел од публиката дојде ексклузивно да го види и први да го снимат новиот простор во Вегас, каде во иднина ќе се одржуваат најголемите концерти и ревии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by What’s Inside? (@whatsinside)


Снимките од „Сфера“ денеска ги преплавија социјалните мрежи и сцените навистина го одземаат здивот.

Во еден момент додека бендот ја свиреше „The Fly“, сетот се претвори во тунел кој изгледаше како да се протега до небото.

Анимациите и 3D ефектите беа направени на таков начин што луѓето се чувствуваа како да се изгубени во вселената, пишува NY Times.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by What’s Inside? (@whatsinside)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.