Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, смета дека паниката околу настаните со балоните била вештачки предизвикана.
Состојбата со трите соборени неидентификувани летечки објекти во Северна Америка во последните денови има за цел да го оттргне вниманието на новинарите од истрагата за експлозијата на гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“. Ваква оценка на Твитер искажа Едвард Сноуден, пренесоа руските медиуми.
Посакувам да беа вонземјани, но не се вонземјани“, напиша Сноуден, коментирајќи ја ситуацијата со соборените балони и неидентификуваните летечки објекти во САД и Канада. Според него, „паниката е вештачки предизвикана“ и има за цел „да се осигури дека новинарите за национална безбедност се назначени да ги истражат глупостите со балонот на топол воздух, а не буџетот или експлозиите (како Северен тек)“.
it’s not aliens
i wish it were aliens
but it’s not aliens
it’s just the ol’ engineered panic, an attractive nuisance ensuring natsec reporters get assigned to investigate balloon bullshit rather than budgets or bombings (à la nordstream)
until next time
— Edward Snowden (@Snowden) February 13, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.