Од 9 до 17 октомври во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Светско првенство во хип-хоп и стрит денс шоу. Скопје првпат ќе биде домаќин на пет илјади танчери, кои доаѓаат од триесет и пет држави од пет континенти.

Организатор е клубот „Брејк а Лег“, а натпреварите се во повеќе возрасни категории.

Покрај натпреварувањата, како дел од овој спектакл, се најавува и концертот на Пајак, за кој влезот ќе биде бесплатен.

Официјалното отворање на настанот е на 12 октомври.

Дадовме сѐ од себе за да се претставиме во едно поинакво светло, како пред Светската танцова организација, така и пред сите земји учеснички, кои ќе направат срцето на Скопје да чука во овој хип хоп ритам. Упатувам голема благодарност до сите оние, кои нѐ поддржуваат, сите наши соработници, сите луѓе вклучени во оваа огромна организација, како и до Министерството за Култура, изјави Трајче Петковски, организатор на настанот и основач на „Брејк а Лег“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.