Шест месеци откако беше избоден со нож во САД, Салман Ружди го објавува својот нов роман „Град на победата“

Калеидоскоп 06.02.2023 / 15:33

Шест месеци откако беше избоден со нож во САД и беше на граница на смртта, британско-американскиот автор Салман Ружди го објавува својот нов роман „Град на победата“, „епска приказна“ за жена од 14 век која му пркоси на патријархалниот свет за да владее со градот.

Долгоочекуваното дело ја раскажува приказната за младото девојче сираче, Пампа Кампани, кое било надарено со магични моќи од божица и кое основала град во денешна Индија, Биснаг, што во превод значи Град на победата.

75-годишниот Ружди нема да го промовира својот 15-ти роман поради здравствена состојба, иако неговиот агент Ендрју Вајли за „Гардијан“ изјави дека „закрепнувањето напредува“.

Ружди беше нападнат  на 12 август, додека требаше да зборува на конференција во Чаутаука во северниот дел на Њујорк, во близина на езерото Ири.

Авторот се криеше со години откако поранешниот ирански врховен водач, ајатолахот Хомеини нареди тој да биде убиен поради, како што сметаше, богохулната природа на неговите „сатански стихови“.

Осомничениот за нападот, Хади Матар (24) од Њу Џерси, по потекло од Либан, беше уапсен веднаш по нападот но се изјасни за невин по обвиненијата.

Ружди, натурализиран Американец кој 20 години живее во Њујорк, при нападот го загуби видот на едното око и употребата на едната рака, рече Вајли во октомври.

Нападот го шокираше Западот, но беше поздравен од екстремистите во муслиманските земји како Иран и Пакистан.

Иако тој лично не ја промовира книгата, Ружди почна да комуницира преку социјалната мрежа Твитер, најчесто да споделува критики во весниците за неговиот нов роман.

Неколку настани се планирани да го придружуваат неговото објавување, вклучително и конференција со писателите Маргарет Атвуд и Нил Гејман, која ќе се емитува онлајн.

Икона на слободата на говорот Ружди, откако беше подложен на фатва што го принуди да се крие, сè уште е отворен бранител на правото на слободен говор.

Неговото ново дело ја следи хероината во мисијата „да им даде на жените еднаква слобода на дејствување во патријархалниот свет“, се вели во синопсисот на издавачот Penguin Random House.

Книгата раскажува за создавањето на градот и неговото пропаѓање.

„Во текот на следните 250 години, животот на Пампа Кампана станува длабоко испреплетен со животот на Биснага, од буквално сеење од вреќа со магични семиња до трагична смрт на најчовечкиот начин – поради дрскоста на оние што се на власт“, ​​се вели во синопсисот.

Романот завршува со изјавата „Зборовите се единствените победници“. Во вторник ќе излезе во САД, во четврток во Велика Британија.

Извор: Н1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişgrandpashabet güncel giriş