Тоска Маск (48), најмладата сестра на Илон Маск (51), работи во кинематографија, а рекла дека луѓето често и ги наплаќаат услугите повеќе отколку што треба бидејќи претпоставуваат дека нејзиниот брат плаќа за се, пишува Њујорк пост.

Сестрата на Маск е режисер и извршен продуцент, а изјавила дека неодамна добила сметка за локацијата на нејзиниот нов филм која била „напумпана“ за дополнителни 20.000 долари.

Локацијата требаше да чини 5.000 долари, но кога го слушнаа моето име и претпоставија дека сум богат, решија да ми наплатат 25.000 долари. Тоа навистина не е фер, нели? – рече таа.

Таа објасни дека луѓето често погрешно претпоставуваат дека нивното семејство отсекогаш било богато, но таа тврди дека тоа не е вистина.

Откако се разведоа моите родители, мајка ми, браќата и јас бевме заедно и немавме пари – рече таа, додавајќи дека нивната мајка Маје работела пет работи за да ги издржува, Илон и нивниот брат Кимбал.

Маск, чија вредност според индексот на Блумберг се проценува на 233 милијарди долари, сам го создал своето богатство.

На прашањето дали нејзиниот брат финансиски и помага, Тоска имаше подготвен одговор.

Ако кажам не, луѓето ќе речат дека тој воопшто не ме поддржува, а ако кажам да, ќе мислат дека платил за се – објасни таа.

Додала и дека постојано и се случуваат ситуации во кои луѓето се обидуваат да и се доближат за да стигнат до брат и, но научила да ги „отфрла на време“.

Инаку, Тоска е ко-основач на Passionflix, стриминг платформа слична на Netflix, а заработила вкупно 170 милиони долари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.