„Беа пријатели од рано детство, први соседи. Тоа што се случи е страшно“, вели братучед на Стефан Љ., момчето кое се повреди при пад од познатата Петроварадинска тврдина во Нови Сад. Како што дознава „Блиц“, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен. Неговиот другар, Лазар Ѓ., за жал, го загуби животот.

Тешко повредениот Стефан е оженет и има мало дете.

„Стефан ми е роднина, но го познавам и Лазар. Тие се добри луѓе, никој нема лош збор за нив. Тоа што се случи е страшно. Се знаат од детство, пораснаа во исто маало во Плана кај Параќин. Заедно одеа и во основно училиште“, видно вознемирен сведочи братучедот на Стефан.

Според последните сознанија, Стефан и Лазар биле на организирана ергенска забава. Едниот од нив сакал да се фотографира на работ од тврдината, но изгубил рамнотежа, механички го повлекол и тој до него и заедно паднале во провалија.

Сѐ уште се истражуваат сите околности за случајот со трагични последици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.