Дваесет и осумгодишната Сара од Јужен Велс имала 14 години кога ја запознала љубовта на својот живот – на свадбата на нејзината мајка.
Девојката во тоа време не живеела со мајка си, туку со таткото, а со очувот Дејвид (69) почнала да се зближува кога им одела во посета. Мајка ѝ по кратко време се скарала со новиот маж, бидејќи видела дека тој се вљубува во нејзината ќерка.
Кога се разделил, Дејвид ја признал вистината на семејството, по што сите се одрекле од нив. Кога Сара станала полнолетна, тие се венчале.
Денеска тие се во брак повеќе од 10 години и имаат близнаци.
Имаме посебна врска и уживаме кога сме заедно. Со него можам да разговарам со часови и да се смеам – вели Сара.
Разликата од 41 година не им смета, иако таа признава дека не ѝ се допаѓа што Дејвид се здебелил, а косата му побелела.
Извор: Дејли меил
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.