Себастијан Фетел се нашол во непријатна ситуација во центарот на Барселона, а причина била кражбата на торба од неговиот автомобил.

Еден ден по Формула 1 трката за ГН на Шпанија, Фетел се паркирал со автомобил пред хотелот во кој бил сместен во Барселона, а неидентификувани крадци го искористиле заборавениот отворен прозор да украдат торба со неколку лични предмети, слушалки и документи.

Откако сфатил што се случува, Фетел тргнал во потера по крадците на електричен скутер, а подоцна ги пронашол слушалките кои му испраќале џи-пи-ес сигнал.

Крадците се ослободиле од нив, но ги задржале останатите предмети и документи, а поранешниот Ф1 светски шампион го пријавил случајот во полиција и ќе ги очекува резултатите од истрагата.

Фетел претходниот ден не успеа да стигне до поени ниту на трката, откако го освои само единаесеттото место со болидот на Астон Мартин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.