Денеска во многу земји се одбележува Светскиот ден на тигрите.Иако за многумина тигрите се моќни животни, денес тие се сметаат за загрозен вид. Се верува дека во светот останале само 3.890 тигри во дивината, а нивната популација е намалена за 97 отсто во последните сто години.
Светскиот ден на тигрите, 29 јули, се одбележува од 2010 година со цел да се подигне свеста за зачувување на тигрите и да се промовира глобален систем за заштита на природните живеалишта на тигрите.
Таа година на самитот во Санкт Петербург, инициран од Светскиот фонд за дивиот свет (WWF), лидерите на 13 земји каде сè уште живеат тигрите (Бангладеш, Бутан, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Непал, Русија , Тајланд и Виетнам), ветија двојно зголемување на бројот на тигри до 2022 година.
Посебно внимание се посветува на Меѓународниот ден на тигрите во Индонезија и Индија.
Тигарот е национално животно на Индија и е класифициран како загрозен вид според Законот за заштита на дивиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.