Со оваа стара руска техниката на боење јајца со лимонтус, ќе добиете песочен ефект и интересно ишарани јајца.

Во тенџере со вода на собна температура ставете лажица лимонтус. Добро измешајте ја смесата и додадете ги јајцата. Не ставајте премногу јајца наеднаш за да го направите ефектот поубав. Варете ги на средна температура, а кога водата ќе зоврие, варете уште 10 минути.

Извадете ги јајцата на хартиена крпа за да се исушат. По 5 минути ќе добијат песоклив изглед поради лимонската киселина, а дезенот ќе ве воодушеви. Доколку ја примените оваа техника, нема да имате потреба дополнително да ги декорирате јајцата бидејќи ќе бидат навистина уникатно украсени. Доколку сакате  дополнителен сјај, можете да ги премачкате со масло, вели Taste Matter.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.