Облечен во црн костум со вратоврска, тој подзастана со наведната глава по 13-часовно чекање.
Дејвид Бекам е уште една позната личност која не ја крие својата искрена тага за загубата на кралицата Елизабета, па им се придружи на илјадниците ожалостени во оддавањето почит на кралицата.
Иако е една од најголемите ѕвезди во светот, тој застана на ред со илјадници “обични“ луѓе, носејќи темна капа.
Бекам се приклучи на редот во раните утрински часови, подоцна велејќи:
-Мислев дека со пристигнување во 2 часот по полноќ ќе биде малку потивко – згрешив.
Тој и се обрати на јавноста и се нарече себеси „голем ројалист и обожавател на кралското семејство“.
Тој им рече на новинарите:
Овој ден секогаш ќе биде тежок ден. Нашите мисли се со семејството, многу е посебно да се слушнат сите приказни од луѓето овде. Најпосебен момент за мене беше добивањето на мојот Орден на Британската империја. Со мене ги зедов моите баба и дедо кои беа големи ројалисти. Имав толку среќа што имав неколку такви моменти во мојот живот за да бидам покрај нејзиното височество. Тоа е тажен ден, но ден за паметење, рече екс-фудбалерот.
Дејвид е само едно од многуте познати лица видени на ова место во последните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.