Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го понуди својот хотел во Маракеш на сите оние кои ги загубија своите домови во земјотресот во Мароко, пренесува Марка. Роналдо рекол дека секој на кој му треба привремено засолниште може да престојува во неговиот хотел. Хотелот се наоѓа на периферијата на Маракеш и има четири ѕвезди.
Страшен земјотрес во Мароко се случи ноќта од петокот кон саботата. Бројот на жртви надмина 2.000 лица, додека 1.200 луѓе се во критична состојба. Сè уште се пребројуваат жртвите, а нивниот биланс расте од час во час. Материјалната штета е огромна и голем број луѓе останаа без своите куќи и станови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.