Дваесет и деветгодишна жена од Сплит, Хрватска, родила четири бебиња со царски рез, но не се идентични или братски близнаци, туку секој фетус имал своја плацента, што, како што кажуваат упатените, е тешка реткост, а да не зборуваме за медицински феномени. Последниот се случил во Сплит пред 25. години.
Жената од нашата приказна зачнала природно, два месеци била во болница за да ја одржи бременоста и била под лекарска нега. Целото породување го водел др. Матиќ, додека др. Вулиќ направил царски рез, па освен на родителите на децата и роднините, мора да им се честита и на нивната професионална работа.

Секое дете е со висина од 40. сантиметри и тешко килограм и пол, додека само едно девојче е два сантиметри пониско од своите браќа и сестри, но има иста тежина како нив.
Мајката и нејзиниот сопруг имаат уште една ќерка, па сега ќе има со кого да се гушка и да се грижи кога нејзината мајка ќе дојде од болница со сестра и и’ браќата.
Мајката на децата не била вработена и се грижела за домаќинството додека таткото на децата се посветил на работа со глуви и слепи лица. Има ли похумани и поубави приказни?
Како што дознаваме, новинарите кои ја намирисале оваа информација веќе се собираат низ болницата, а на среќната мајка останува да одлучи дали ќе ја даде својата приказна во јавноста или не.

 

Извор: slobodnadalmacija.hr



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.