Сплитскиот институт за океанографија и рибарство објави интересна студија за таканаречената риба Хирург (Acanthurus monroviae), која вообичаено го населува источниот дел на Атлантскиот Океан, од јужниот дел на Мароко до Ангола.

По 1987 година почнала да се појавува и во Средоземното Море, а со текот на времето бројот на наоди на овој вид пораснал до тој степен што се претпоставува дека има постојана популација во јужниот дел. Неодамна беше пронајден дури и на Крим во Црното Море.

Оваа година рибата е забележана и во Јадранското Море, во околината на Риека.

Оваа година има неколку наоди на оваа риба во областа Кострена. Секако, не можеме да извлечеме заклучоци како овие риби се нашле во околината на Риека, во моментов можеме само да кажеме дека во нашето море плива риба каква што досега не е видена во него, објавија тие.

Рибата Хирург, како што ја нарекуваат, главно се храни со растителна храна, но понекогаш може да јаде и мали безрбетници. Расте до 45 сантиметри во должина.

Во случај да ја видите оваа риба, ве молиме известете нè, а доколку ја најдете во уловот, зачувајте ја за понатамошна анализа, ќе ни биде од голема корист. Ви благодариме за досегашните извештаи, објави Институтот на својата официјална фејсбук-страница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.