Рускиот претседател Владимир Путин, наводно е бесен на пријателите на својата тајна љубовница, поради протекување на вестите за нивниот екстравагантен живот.
Нашироко се верува дека Алина Кабаева, 39 годишната олимписка шампионка во ритмичка гимнастика, е тајна девојка на 70 годишниот Путин, и мајка на нивите деца.
Често нарекувана царица на Русија, се смета дека Кабаева е разгалена, надвор од секое поимање, бидејќи на Путин му подарила машки наследник, кој ниту една жена претходно му го нема дадено. Сега истрагата на независниот истражен тим Проект разотрки повеќе нивни тајни, приказна за која се верува дека Путин е бесен, префрлајќи им на пријателите на својата партнерка, пишува Дејли Мејл.
Погледот зад кулисите на нивниот заеднички живот открива дека Кабаева има сопствена златна вила, опкружена со шума меѓу Москва и Санкт Петерсбург, каде оближниот систем на противвоздушна одбрана, „панцир“, ги чува неа и нивните деца. Се верува дека таа и Путин имаат меѓу две и четири деца, потенцијално близнаци меѓу нив. Иако во извештајот на Проект, не се наведуваат нивните точни години и имиња, јасно се изнесува дека најмалку едно од нив е машко. Близу шумското имање од 28 хектари кај Валдај, наводно лежи Путиновата сопствена кралска резиденција, заедно со низа други ВИП имоти.
Во знак на благодарност што му подарила наследник, се тврди во извештајот, Путин својата љубовница ја има наградено со засолниште во црноморското одмаралиште во Сочи, а Кабаева добила и повеќе од 20 вили и станови.
Наводно има флота лимузини мајбах на располагање и била опкружена со одред на вооружени телохранители.
Токму поради тоа кога протекле сите овие информации, Путин бил многу лут и викал на Кабаева, верувајќи дека овие информации протекле од нејзините пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.