Група научници од Универзитетот на Порторико во градот Аресибо, се чини, се сѐ поблиску до решавање на мистеријата за сигналот „Вау“, регистриран пред 47 години. Овој феномен се сметаше за можна „порака“ од вонземјани.

Новата теорија е објавена на порталот за нерецензирани научни публикации „Арксив“, пренесува српскиот портал „Политика“.

На 15 август 1977 година, американскиот астроном Џери Ејман од Државниот универзитет во Охајо снимил мистериозен радиопренос од Вселената, на фреквенција од 1.420 мегахерци. Сигналот дошол од соѕвездието Стрелец во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

Воодушевен од откритието, истражувачот ја означил примената порака со извикот „Вау!“ (Wow!).

Тоа и останало како неофицијално име на тој необичен сигнал.

Најновото истражување посочува дека мистериозниот сигнал би можел да биде зрачење на супермоќен ласер. Тоа веројатно е поврзано со меѓуѕвездени облаци од ладен водород. Најсилниот излив на зрачење што минува низ водород го поттикнува тој гас да создаде моќен пулс на фреквенција од околу 1.420 мегахерци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.