Мнозинство работници и менаџери, 71 отсто, веруваат дека доцните попладневни часови е најлошото време за работа и дека продуктивноста најмногу паѓа помеѓу 15 и 18 часот, според истражувањето на Слек (Slack), филијала на калифорниската компанија Сејлсфорс.
Тоа истражување е спроведено во соработка со агенцијата Квалтрикс (Qualtricks) на повеќе од 10.000 испитаници.
Падот на продуктивноста во доцните попладневни часови е последица на нормалниот деноноќен ритам на телото, што значително опаѓа помеѓу 14 и 17 часот, велат експертите.
На вработените им се советува да работат лесна работа, да прават кратки паузи или да ја слушаат омилената музика во доцните попладневни часови за да ја зголемат концентрацијата на работните задачи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.